89 коментари 2 мин. читање

Победник на веб дизајн предизвикот на It.com.mk и MK Host е …

Првин, честитки до сите кои учествуваа бидејќи сите сте победници!. Целта на натпреварот беше да се споделат идеи, да се запознаат дизајнерите и да се стекна искуство за како понатаму во веб дизајн занаетот. Благодарност и до сите кои гласаа и споделија свое мислење и идеи, кои може да се искористат за идни натпревари.

Сепак, имаше и награди како мотивација на дизајнерите, па некој мора да ги земе. :) Tие што ќе ги добијат наградите се… (тапани)…

  • Smashing Book + 1 година 5.000 MB хостинг од Мк Хост + IT.com.mk маица оди за 0.mk заради едноставниот, функционален дизајн кој одговара со сервисот и има интеракција со друштвените мрежи.
  • IT.com.mk маица + .mk домен + 500 МБ хостинг оди за Travel2Ohrid.com.mk заради едноставноста која одговара со функционалноста. Има интеракција со друштвените мрежи.
  • IT.com.mk + Мк Хост маиците ги добива caramelo.mk кој иако се спомена готов темплејт и нема интеракција со друштвените мрежи, сепак адутот на caramelo.mk е естетиката.

(Победниците ќе добијат ПП (приватна порака) на форумот со упатство за наградите)

Сите останати улесници можете да ги видите на форумот.

За да нема забуни гласањето се одвиваше во две фази, гласови од членовите на форумот и гласови од „стручното“ жири од Мk host и администрацијата на IT.com.mk.

ЧЕСТИТКИ до сите! и повеќе среќа на наредниот натпревар кој ќе се одржи на…(тапани)… всушност нека остане изненадување.

Gratz!

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

89 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top