8 коментари 2 мин. читање

Brace yourselves: Vip и One се спојуваат во „нов ентитет“

Telekom Austria Group влезе во партнерство со Telekom Slovenije Group за да ги спојат македонските оператори, Vip и One. Aвстрискиот телеком ќе задржи 55 отсто од уделот, и со тоа ќе има контрола од новиот ентитет, додека останатит 45 отсто одат за словенечкиот телеком, се вели во соопштението.

Двата телекоми очекуваат да добијат одобрување од властите во почетокот на 2015-та година, со кое ќе заземат околу 51 отсто од македонскиот пазар за мобилни услуги. Но, One веќе нуди фиксен интернет и дигитална телевизија, а од неодамна Vip го купи и Blizoo за да го прошири своето портфолио на услуги.

Спојувањето за корисниците секако е изненадување, бидејќи One и Vip веќе седум години се лути ривали на македонскиот пазар. Но, за познавачите на индустријата, спојувањето на двата помали оперататори е логично. Faktor.mk пишува во одлична анализа дека двете компании го следат трендот во Европа кој е наметнат од намалените годишни приходи, што се карактеристични на европскиот пазар кој е воден од строги регулативи.

„За да се намали ударот од падот на приходите и да се овозможат соодветни услуги за корисниците, во ЕУ, а и во светски рамки постои тренд на консолидација на пазарите… Овој тренд го потврдуваат бројни примери – во Холандија Т-Мобиле го презема Orange, со што на пазарот од 4 мобилни оператори сега оперираат 3 оператори. На уште поголемиот пазар во Велика Британија T-Mobile го презема Orange и од 5 станаа 4 оператори, додека со преземањето на E-plus од страна на О2 од 4 станаа 3 оператори. Македонија малку го чувствува тој тренд преку преземањето на кабелскиот оператор Blizoo од страна на Telekom Austria групацијата, сопствени на Vip оператор“, пишува Faktor.mk.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

8 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top