Mистериозниот Magic Leap доби 540 милиони долари од Google и други

во Софтвер

Стартапот Magic Leap доби инвестиција од 542 милиони долари предводена од Google. Засега работата на Magic Leap е мистерија, а единствено што е познато е дека работи на очила за проширена реалност кои ќе можат да вметнат дигитални слики. Но, наместо да бидат прикажани на очилата, сликите ќе бидат проектирани во светот, вели Wall Street Journal. Покрај инвестицијата Google во бордот на стартапот го испрати Сундар Пичај, кој е лидер на Android и Chrome дивизијата. Во стратапот инвестираа и Qualcomm, Клајнер Перкинс, Andreessen Horowitz и Obvious Ventures.

„Сакаме Magic Leap да биде креативен простор за гејмерите, дизајнерите на видеоигри, писатели, кодери, музичари, креатори на филмови и артисти“, велат основачите на Magic Leap, Рори Абовиц. Дел од визијата на г. Абовиц можете да видите на неговиот TEDx говор одржан во Саросота, Флорида.

[youtube]w8J5BWL8oJY[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments