Ноќта на вештерките се слави во највеќе низ различните краишта од светот. Надвор од одредени активности по училиштата, празникот не е баш празник кај нас и обично поминува релативно незабележано. Но, во случај да сакате барем делумно да навлезете во таквата атмосфера, подготвивме неколку интересни предлози само за вас!
#1
The Bridge Curse 2: The Extrication
The Bridge Curse серијалот, особено The Extrication топло се препорачува за време на ноќта на вештерките. Се одликува со сите намирници кои се потребни за да се понуди впечатливо и длабоко хорор искуство. Фрлени во Wen Hua универзитетот, ќе имата за задача да се соочите со вознемирувачки духови и да решите бројни предизвикувачки загатки. Со солидна графика, квалитетна приказна и интересен дизајн на околината и непријателите, лесно ќе бидете принудени да скокате и на најмалите звуци.

Кога студентот ќе стане плен
Универзитетот Wen Hua порано бил познат за значаен центар за впивање знаење. Сега е само лушпа од минатото, сенка низ која се провлекуваат морбидни и вознемирувачки гласини. Играјќи како еден од четири ликови, ќе имате задача да ја откриете далечната мистерија поврзана со болната историја на универзитотот. Но, она што ќе делува како забавна прошетка низ ноќта, бргу преминува во очајно бегство и борба за живот. За само еден миг, студентот повеќе не е студент, туку безпомошен плен.

Како игра во прво лице, The Bridge Curse 2: The Extrication не ве веднаш фрла во акцијата. Откако ќе посвети добро време на запознавање со ликовите, моментната ситуација и околината, ќе започне суптилното прогонување. Со оглед на тоа дека вие немате никаква моќ и контрола над ситуацијата во која се наоѓате, ќе биде потребно внимателно да се прикрадувате и да пробате да извлечете жива глава од секоја проблематична ситуација. А секоја следна проблематична ситуација е за неколку нивоа повознемирувачка од претходната. На овој начин, играта константно еволуира и нуди динамично и свежо искуство.

Дизајнот на суштествата е одлично направен, а за пофалба се и бројните мапи, како и загатките кои ги решавате. Од друга страна, иако ние успејавме да бидеме вовлечени од приказната, забележителни се одредени наративни нелогичности кои би можеле да засметаат на попробирливите. Покрај ова, и глумата знаеше да потфрли во одредени моменти. Но, кога ќе се земе се во предвид, нема никакво сомневање дека The Bridge Curse 2: The Extrication е квалитетна хорор игра, особено оваа вечер! Во случај да не сакате да се изложите на финансиски ризик, имате повеќе од одлично демо за играта.




#2
Pinball M – Camp Bloodbrook
Хорор од осумдесетите
Доколку сте фанови на Pinball FX, тогаш никако не би требало да ја заобиколите најновата флиперска машина за Pinball M! Pinball M e бесплатна игра во која играте флипери во хорор опкружување. Неодамна излезе најновата флиперска машина наречена Camp Bloodbrook. Се работи за машина која е осмислена во духот на класичниот хорор од осумдесетите години на минатиот век. Како играч ќе имате за задача да го прошетате топчето низ вознемирувачки околине поврзани со Џејкоб Велс. Движејќи се низ шуми, разрушени дрвени куќи и крвави стази, ќе имате за задача да соберете што е можно повеќе поени и да извлечете жива глава од кампот на проклетите.




Camp Bloodbrook e шестата флиперска машина за Pinball M
Претходно, излегоа пет платежни додатоци за Pinball M:
- Chucky’s Killer Pinball
- The Thing Pinball
- Dead by Daylight™ Pinball
- Duke Nukem’s Big Shot Pinball
- Texas Chainsaw Massacre Pinball
- System Shock Pinball
Моментно, сите од додатоците се на попуст, така да, ако уживате во флиперски игри, не ја пропуштатајте можноста да си се почестите со квалитетна игра!

#3
Sparedevil
Чедото на Sludge Pipe е наслов кој топло го препорачуваме овој период, особено доколку сте фанови на куглање. Се работи за акциона игра во која вашето оружје се вашите топки за куглање кои ги фрлате во најразлични монструозни pins!
Нема никаква преголема филозофија во играта. Се работи за едноставна и брза аркадна акција прикажана со ретро-инспирирана графика од 90-тите години од минатиот век. Можете да играте два од понудени режини на две мапи. Иако мапите се премногу мали, внимателно се дизајнирани и оставаат впечаток на предизвикувачки пеколни арени, каде треба да внимавате каде и како се движите (за да не паднете, на пример, во лавата).
Проблемот со Sparedevil e тоа што нема многу содржини за нудење. Двата режими не се премногу разликуваат еден од друг, а, разноликите непријатели за брзо време почнуваат да напаѓаат крајно агресивни, принудувајќи ве инстатно да развивате ѓаволско-добри рефлекси. Тоа никако не значи дека играта не е забавна, особено доколку имате пријатели и сакате да видите кој ќе успее да се искачи на листата највисоко.




Екстра хорор предлози:
- Silent Hill 2 е верен римејк на хитот од 2001-та година!
- Killing Time: Resurrected
- A Quiet Place: The Road Ahead
- Slay the Princess – The Pristine Cut е значително проширување на основната игра







