2 коментари 4 мин. читање 24 октомври, 2024

Killing Time: Resurrected

Killing Time: Resurrected e веродостоен римастер на FPS играта од 1995-та година. Бледо паметиме дека се креваше голема прашина зад оваа игра. Често се играше и споменуваше дури и во раните 2000-ти години. На времето, Killing Time имаше феноменална графика, одлични пукачки механики и бројни, предизвикувачки загатки. The 3DO Company успешно комбинира несекојдневен хумор во хорор опкружување, дозволувајќи им на бројните гејмери да искусат крајно невообичаен наслов.

Иако овој наслов и понатаму се продава на GOG и Steam, играта никако не би можела да ги задоволи потребите на модерниот гејмер. Токму поради тоа, Nightdive Studios ги има засукано ракавите и нуди детален римастер кој се одликува со значително подобрена графика, надградени механики и респонсивни контроли.

Експлозија од минатото

Карактеристично за FPS игрите од 90-те години на минатиот век, фокусот не е толку на приказната, колку што е на експлозивната акција. Па така, во Killing Time: Resurrected инстантно сте фрлени на остров полн со демонски суштества и имате за задача да покосите сѐ што се осмелува да ве погледне, решавајќи, притоа, и најразлични смртоносни загатки. Вие сте, всушност, студент кои има за задача да го криптичниот свет на египтологијата. Она што никој не ви кажува, меѓутоа, е дека во првите пет минути од вашиот престој на островот, ќе користите лост, пиштол, митралез, сачмарка и еден куп други оружја кои се користеле во 1930-те години. Со оглед на тоа што се работи за чистокрвна аркадна акција, муниција имате за извоз.

Контролите се подобрени за да можете флуидно да се движите низ мапите, брзо и прецизно да нишаните и да пукате како да ќе нема утре. Иако нема сомневање дека се работи за надградба на исклучително стара игра (сепак е римастер, а не римејк), контролите се особено респонзивни, а графиката е значително надградена, нудејќи текстури во висока резолуција и можност за гледање насекаде, нешто што не беше можно во оригиналната игра. Влагодарение на деталната мапа, добивате детален увид за вашата местоположба и точно знаете каде се наоѓате, каде има пролази, и слично.

Во случај да бевте фанови на оригиналната игра, или пак да сакате да играте постари игри, Killing Time: Resurrected е наша топла препорака. Навлезете во островот Матиникус во целата 4К слава, со 144FPS, можности за anti-aliasing, како и надграден кориснички интерфејс. Тие педесетина видео секвенци се внимателно обновени, а покрај 45 зони ќе наидете и на целосно нови содржини кои биле исфрлени од оригиналната игра. Killing Time: Resurrected е достапна за PlayStation 5, Nintendo Switch, PlayStation 4, Xbox One, Microsoft Windows, Xbox Series X и Series S, или во превод: за било што! Немате изговор да не ја пробате!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Nightdive Studios, 3DO
  • Издава: Nightdive Studios, Ziggurat
  • Жанр: FPS
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 18 октомври 2024
Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top