0 коментари 2 мин. читање 2 октомври, 2014

Македонскиот сервис за гласање на iVote е пофален од Европската Комисија

Македонската компанија iVote.mk и неговите основачи Гоце Арменски и Љупчо Антовски се најдоа во извештајот „Тајните на успехот 2014-2015“ на Европската Комисија. Извештајот е наменет да ги истакне компаниите кои ја движат и трансформираат економицијата користејќи ги новите технологии.

iVote е позната по својот Demokra сервис кој помага да се модернизира гласањето и избирачкиот процес. Компанијата работи и на системи за е-учење и е-трговија, но најпозната е поради Demokra која се користеше од избирачките комисии во Македонија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Еквадор. Сервисот има вкупно процесирано 107 милиони гласови и е добитник на наградата на European Venture Contest 2013.

“Во сегашната економска ситуација, европските компании мора да го насочат своето внимание кон иновативност, продуктивност, ефикасност на ресурсите и висока додадена вредност, ако сакаат да останат конкурентни во глобалниот пазар и да одговорат на предизвикот на создавање нови работни места. Дигиталната транзиција во склоп на глобалната економија претставува клучна точка на трансформацијата на европската индустрија“, вели Антонио Таџани, потпретседател на Европската комисија.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top