0 коментари 2 мин. читање 6 септември, 2024

Првото издание на What The Stack ќе се одржи на 14-ти септември во Скопје

На 14-ти септември во МКЦ, Скопје ќе се одржи првото издание на интернационалната IT конференција What The Stack. Темата е web development, а на четири сцени ќе се појават преку 20 предавачи, од кои 10 се интернационални.

Посетителите ќе имаат можност да слушнат предавања од звучни имиња од светската IT сцена, како што се Santosh Yadav, Sam Vloeberghs, Daniel Afonso, Atila Fassina и многу други. На конференцијата ќе и претходат и различни предавања, работилници и активности во времетраење од една недела.

Во склоп на овие активности, на 9-ти септември (понеделник) ќе се одржи неформална средба на сите IT заедници во Base42, каде ќе се одржуваат и другите настани до 13-ти септември. ДЕНОТ НА IT заедниците ќе биде целосно бесплатен и настан без регистрација. Ги покануваме сите IT ентузијасти да дојдат од 18 часот. 

Конференцијата е организирана од три невладини IT здруженија: DeveD, Base42 и Angular Macedonia, а е поддржана од од повеќе IT организации, заедници и иницијативи. Со мотото од заедницата, за заедницата, организиран од програмери за програмери, по примерот на конференции како We Are Developers и JSNation, овој настан ќе го постави Скопје на значајно место на европската IT сцена. 

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top