6 коментари 1 мин. читање

Рекордни 200 запишани бруцоши само во првиот час, вели Студентскиот парламент на ФИНКИ

Во првиот ден од првиот уписен рок на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство околу 530 матуранти поднесоа документи за упис, од кои 200-тина беа пријавени веќе во првиот час, вели Студентскиот парламент на ФИНКИ. Од 9 до 14 часот ходниците на ФИНКИ беа преполни со бруцоши кои со помош на Студентскиот парламент и професорите ги пополнуваа потребните документи за упис.

„Не сме изненадени од огромниот број на пријавени студенти. ФИНКИ е пример за тоа како треба секој факултет да ги оддржува своите конекции со студентите. Затоа, секоја година, бројката на запишани студенти континуирано се зголемува. Секако, тоа и го очекуваме поради тоа што секојдневно се обидуваме на студентите да им обезбедиме квалитетна едукација, преку редовните програми, но и преку организација на настани“, вели Анита Кирковска од Студентскиот парламент.

Еден од споменатите настани е првата интернационална Информатијада 2014-та за која биле поставени штандови за да привлечат повеќе студенти. Истовремено со уписи на факултетот, околу 50-тина нови запишани студенти се пријавија да учествуваат на настанот.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

6 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top