0 коментари 2 мин. читање 3 мај, 2023

Кратки ИТ вести на денот [03 мај]: ЕУ бара регулација на AI, Apple и Google партнерство, Италија го дозволи ChatGPT

И денеска вештачката интелигенција продолжува да преовладува во медиумскиот простор и да е топ тема во ИТ индустријата. По големата експанзија и општото прифаќање на оваа нова технологија, на ред доаѓа нејзината регулација…

Останати кратки вести од ИТ индустријата за денот се:

  • Според Европската Унија, платформи кои користат генеративна вештачка интелигенција како ChatGPT и Midjourney, ќе мора да го објават секој материјал заштитен со авторски права кој бил користен за тренинг. прочитај повеќе
  • Apple и Google заедно работат на создавање на индустриски стандард за регулирање на Bluetooth следењето, со фокус на тракерите како Airtag. прочитај повеќе
  • Europol и FBI во заедничка акција уапсија 288 трговци и потрошувачи и запленија над 50 милиони евра кои на дарк веб продавале дрога и оружје илегално. прочитај повеќе
  • Обединетото Кралство не дозволува Microsoft да гo купи Activision-Blizzard за 69 милијарди долари поради страв дека компанијата ќе владее со пазарот на клауд инфраструктура. прочитај повеќе
  • Италија ја тргна забраната за ChatGPT откако се воведоа нови правила за приватност. прочитај повеќе
Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top