0 коментари 2 мин. читање 2 јуни, 2014

Mакедонските стартапи u:Plug и Domino the Effect освоија награди на Startup Camp Rijeka 2014

Два македонски стартапи, u:Plug и Domino the Effect, завршија на второто и третото место на Startup Camp Rijeka, каде се претставија пред успешни претприемачи и ментори од Хрватска и САД, кои им помогнаа на 30-те регионални стартапи да креираат бизнис план во петте дена колку што траеше кампот.

Првото место го освои италијанскиот стартап ProntoApp за кој нема многу детали, но знаеме повеќе за следните два најдобри стартапи кои се (делумно) македонски. Второто место го освои u:Plug, хрватско-македонски стартап на Mитко Цабески и Хрватите ко-основачи Иван Јелушиќ и Даниел Рупиќи, чиј план е да го модернизираат домашниот штекер, претварајќи го во универзален полнач за мобилни уреди; третото место го земаа младите претприемачки Маја Илиевска и Ивана Станоевска со нивната Domino the Effect идеја за рекламирање преку материјали за достава. Девојките неодамна собраа нешто над 500 евра од краудфандинг преку LetsFundit.mk.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top