Типокујна беше првата изложба со која се славеше „бесмртната“ македонска кирилица, вметната во дигитална средина со која владее англискиот јазик. Во соработка со единствениот македонски професионален типограф Ласко Џуровски и Архитектонскиот факултеот, во работилницата учествуваа осумнаесет дизајнери и креативци кои направија 12 нови македонски фонтови. Прекрасните фонтови конечно се достапни за бесплатно симнување од сајтот на Creative Exchange.
„Компјутерите не ја убиваат македонската кирилица, тие само придонесуваат таа уште повеќе да се развива, се разбира со помош на сите нас. Кирилицата е бесмртна, секогаш имало и ќе има некој што се грижи за неа, а таа, верувајте ја возвраќа таа љубов“, вели г. Џуровски.












Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.