CNN и Twitter ќе соработуваат за побрзо откривање на вести

CNN, Twitter и стартапот Dataminr започнуваат заедничка соработка која ќе им помогне на новинарите подобро и побрзо да ги покриваат вонредните вести. Dataminr го изработи алгоритмот кој ќе ги пронаоѓа твитовите или фотографиите од целиот свет кои се најважни, релеванти и доверливи, пишува Verge. Откако заврши тест периодот кој Dataminer го имаше во CNN се очекува да им биде достапен на сите редакции кој ќе можат да ги следат алармите преку десктоп апликација, имејл попап или текст пораки. Новинарите ќе можат да го наместат известувањата во зависност од областите кои ги покриваат.

„Кога се појавуваат вестите, може да поминат минути или часови пред да започне работата во студиото и новинарските екипи да започнат да известуваат. Сега со помош на CNN и Dataminr, Twitter може да се користи да го затвори овој празен период, помеѓу очевидците кои сакаат да споделат и новинарите кои сакаат да лушнат“, вели Вивиан Шилер главниот уредник на вестите на Twitter.

Алгоритмот кој го изработо Dataminer треба и да ги идентификува вестите и да ги извести новинарите за тоа што се зборува на Twitter. Всушност алгоритмот ги следи твитовите и овозможува следење на вестите во реално време. Истовремено алгоритмот ги издвојува најрелевантните пораки за новинарите да не мораат да ги читаат сите твитови.

„Технологијата на Dataminr преставува најдобра анализа на податоците од Twitter во реално време која сме ја виделе. Можноста за идентификување на критични твитоби речиси веднап ја орави одлична алатка за новинарските организации. Денешната објаве е возбудлив чекот не само за Twitter во редакцијата, туку за поширокиот Twitter екосистем“, вели Јана Месершмит од Twitter.

[youtube]q_2jcwp1Amc[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments