0 коментари 1 мин. читање

Line е најпрофитната мобилна апликација на Android и iOS, но не е пред игрите

Line е мобилната апликацијата која најмногу заработува доколку се исклучат игрите, покажува анализата на App Annie. Што се однесува за Google Play, Line таму е на прво место од поодамна, но неодамна ја помина Pandora на iOS и со тоа стана апликација со најголема заработка на двата оперативни системи. Најголем дел од приходите на апликацијата доаѓаат од „стикерите“ кои сега се поедноставни за користење, а по се изгледа се поголем е бројот на корисници кои се одлучуваат да ги отклучат овие дополнителни опции, а самата апликација беше надградена со опции за пребарување и додавање на категории за „стикерите“.

Анализата покажува и дека кога се апликациите во прашање, најважен пазар сега се Јапонија која сега е на првото место според парите потрошени за купување на апликации. Ова е пред се предизвикано од игрите од Google Play, Јапониците своите апликации можат да ги платат и преку телефонските сметки. Ова олеснување дополнително ја зголеми продажбата на апликации во Јапонија.

Што се однесува до апликацијата која најмногу заработила, станува збор за играта Puzzle & Dragons од јапонскиот GungHo.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top