2 коментари 1 мин. читање

iVote.mk се најде помеѓу 25-те победници на European Venture Contest 2013

Македонскиот сервис за гласање, iVote.mk, се најде помеѓу 25-те победници на European Venture Contest 2013 кој се одржа на 9-ти и 10-ти декември во Дизелдорф, Германија. На настанот, oрганизиран од Europe Unlimited, учествуваа над 120 компании со 800 апликации, од кои беа избрени само десетина победници во три категории. Според европското жири, составено од инвеститори и бизнис-ангели, решенијата на iVote.mk за изборни процеси и избирачки списоци, беа оценети како „стабилни, ветувачки и перспективни“. iVote доби учество на европскиот натпревар по победата на Balkan Venture Forum во Тирана. Нивната платформа за менаџирање на гласови, iVote Demokra, до сега има обработено повеќе од 100 милиони гласови од разни избори од ширум светот.

„Учеството на европскиот инвестициски натпревар ни даде одлична можност да се поврземе со потенцијални партнери и инвеститори со чија помош ќе обезбедиме брз развој и проширување на меѓународните пазари. Оваа награда е признание за правилниот пристап што го имаме кон освојување нови пазари и ја одликува посветеноста на секој член од семејството на iVote“, вели ко-основачот на iVote, Љупчо Антовски.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top