7 коментари 1 мин. читање

ИТ.мк: Со 1 шоља за 1 денар за 1 ден до успех

„Се наметна потребата да се обратиме преку социјалните медиуми токму кон онлајн публиката и да почнеме да градиме однос преку нивното позитивно искуство со нашиот систем.“ вели Александар Тасев (@alektasev). Користејќи ги друштвените мрежи Facebook и Twitter, ТC.mk за еден ден успеа да стигне до доста позитивни резултати, вели г-дин. Тасев.

„Самото приближување и запознавање на голема публика со нашиот систем на непосреден начин е голема придобивка. Инаку подетално во голем број на технички параметри денеска имавме експлозија. За 2-3 часа имаше:

  • регистрирани 80-тина нови корисници
  • прегледани над 10.000 страни
  • околу 500 уникатни посети
  • нарачани 33 подароци
  • 80 нови фанови на нашата Facebook страна
  • 22 нови следбеници на Twitter
  • блог постот имаше 43 споделувања на Facebook.“

Секако дека кампањата им донесе резултати на TC.mk, но од друга страна креативноста на оваа кампања има огромен ефект врз поголемо разбирање и запознавање на корисниците со е-шопингот, област во која само 3-8% од македонските корисници покажале интерес според последните статистики.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

7 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top