0 коментари 2 мин. читање 22 ноември, 2013

Скопскиoт метал бенд Steel Temple бара crowdfunding помош за својот нов албум

Разочарани од барање спонзори, скопскиот метал бенд Steel Temple се реши да ги собере парите потребни за снимање и издавање на својот нов албум Nobody’s Slaves преку краудфандинг заедницата на Indiegogo. Сега за сега, на бендот му иде одлично. Веќе имаат соберено 315 долари од посакуваните 800, со уште 47 денови останати. Зависно од придонесите, донаторите ќе добијат од 2 CD-a до 100-тина CD-а.

„Спонзорства сме барале порано и знаеме дека тешко даваат пари за метал или за андерграунд-бендови и ова ни се виде како интересна идеја. Инаку не се работи за целосно донирање, туку за учество“, вели тапанарот Урош Вељковиќ за Дневник. „Сме контактирале и со продукциски куќи за да ни издадат албуми, но одговорот е дека таква музика не просперира тука и нема публика за хеви-метал. Во ред. Тогаш одиме по наше“.

Indegogo е платформа преку која може да се побараат пари од онлајн заедницата за разни проекти. Заедницата често е вољна да донира за кул и интересни проекти, и бидејќи не донираат којзнае колку пари, може да биде и еден долар или 45 денари. За возврат секако креаторите на проектот давааат или поклони, или ги именуваат контрибутерите како официјални спонзори на своите проекти. Steel Temple не се првиот локални музичари кои побарале краудфандинг помош, претходно пијанистката Елена Граматикова се обиде да собере пари за школарина за музичко школо.

[youtube]uTl-SlSLUfA[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top