3D Systems ќе 3Д-принта делови за Project Arа на Motorola

0 коментари 1 мин. читање

3D Systems е новиот партнер на Motorola и Google во креирањето на следната генерација на телефони, Project Ara. Project Ara е иницијатива со којa Motorola и Google ќе ја претстават следната генерација на паметни телефони, телефони кои корисниците сами ќе си ги сколопуваат. Телефоните ќе имаат една основа, а останатите делови, како на пример дисплеј, камера, RAM корисниците сами ќе ги одбираат. Влезот на 3D Systems ќе овозможи уште поголема можност за прилагодување на телефоните преку 3Д-печатење на модификациите.

„Project Ara е осмислен за креирање на платформа која ќе им овозможи на корисниците да низ целиот свет да го прилагодат производот содаден за и од поединецот. 3Д принтањето промовира ниво на одржливост, функционалност и можност за персонализација која ќе овозможи спој на овие карактеристики на локално ниво.“, вели Ави Реишентал од 3D Systems.

[youtube]oDAw7vW7H0c[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top