0 коментари 2 мин. читање

Хаос и Кунг-фу! Македонскo-холандскиoт стартап Game Oven oбјави нова игра за iOS, и наскоро за Android

Сигурно се сеќавате на Бојан Ендровски кој во неодамнешното интервју за IT.com.mk ни кажа за своето стартап искуство во Холандија. Тогаш Бојан ни спомна дека неговото студио Game Oven, кое го основа заедно со Адриан де Јог, планира да објави уште една игра за iOS која ќе биде друштвена како нивниот наградуван хит Fingle. Tаа игра е објавена и мора да признаеме дека е навистина забавна.

Се работи за Bam Fu за iOS. Играта бара два, три или четири играчи кои се натпреваруваат да зафатат што е можно повеќе каменчиња. Играта е доста едноставна, добро е направена со креативна тематика, и се што треба за да биде возбудлива е да бидете брзи. Замислете си ја играта Дама, но наместо коцки, пукови и време за размислување, имате екран на допир, брзи прсти и хаос! Ако играте со повеќе играчи тој хаос ќе биде уште позабавен, но само ако играте на iPad. Иако играта е достапна за iPhone 3S и поновите верзии, сепак 3,5-инчнитe eкрани, па дури и 4-инчниот екран на петката, се мали за четири прсти да се натпреваруваат во кликање. На iPad пак, играта функционира беспрекорно. Од 20-ти јуни играта ќе биде достапна за Android.

Како и претходните игри на Game Oven, и Bam Fu е дизајнирана да биде друштвена. Тоа што ја прави различна и забавна е што не може да ја играте сами, потребни ви се пријателите. Во свет каде сите дружења се остваруваат преку екраните на онлајн игрите и четовите, Game Oven се обидува да го врати пријателствата преку контакт во реалниот свет, дури и ако тоа заврши со неколку скршени прсти.

„Игри за повеќе корисници на еден уред се поле на кое има уште многу да се истражува. Touch уредите овозможуваат природен и едноставен интерфејс за игри.”, ни кажа Бојан во интервјуто.

Bam fu – Official Gameplay Trailer from Game Oven on Vimeo.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top