Google ја банираше првата порно апликација за Google Glass

0 коментари 1 мин. читање

На Google не му требаше многу време за да ја блокира првата порно апликација за Google Glass. Апликацијата на MiKandi со наслов Tits & Glass беше блокирана само за неколку часови после нејзиното објавување. Се работи за апликација со која може да се споделуваат и коментираат секси фотографии и видеа.

Причината поради која апликацијата е отстранета е новото правило со кое е забрането голотија и било каков вид на сексуален експлицитен материјал. Сепак, и покрај тоа веб сајтот за апликацијата ќе продолжи да работи, а апликацијата ќе биде обновена наскоро според новите правила.

[youtube]9-MgWQQCtw8[/youtube]

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Мени
Заедница
Изглед