Ракописи, мапи, слики, скулптури, фотографии и огромен број на музејски експонати од дигиталната веб библиотека Europeana, отсега се достапни и на iPad. Новата
апликација е бесплатна за сите корисници на iPad, а создадена е од Glimworm IT на хакатонот организиран од библиотеката.
„Идејата зад апликацијата е што повеќе луѓе да се запознаат со културното наследство. Europeana Open Culture ве запознава си избрани и прекрасни колекции од врвните Европски интитуции и им овозможува на корисниците да истражуваат, споделуваат и да коментираат.“, се вели во блогот.
Засега преку апликацијата може да разгелдувате, споделувате или коментирате на 350.000 слики од колекциите на кралската ботаничка градина, Rijksmuseum – Холандија, Националната библиотека од Полска, Археолошкиот музеј од Португалија, Бугарската академија на науките, Музејот за геологија од Естонија и Дигиталната библиотека на шпанското министерство за одбрана.
Креторот на апликацијата Glimworm IT на барање на Europeana го отвори кодот на софтверот за да ги охрабри девелоперите да го преземат кодот и да ја подобрат апликацијата, како и да ја ре-креираат апликацијата за останатите оперативни системи. Засега апликацијата е достапна единствено за iPad но отворениот код би требало да допринесе за верзии на дигиталната библиотека наскоро да се појават и за Android, но и за Windows Phone оперативниот систем. Апликацијата е достапна на англиски, холандски, шпански, полски, португалски и бугарски јазик, а ако сакате можете да користите и латински.








