Наместо 1.190 денари кои се плаќаа по електронски пат на Централниот регистар, или 2.424 денари за хартиена поднесок, сега студентите на редовни и вонредни студии можат да отворат фирма за само 250 денари, односно 1.119 денари.
„Со овие цени, и со чекорите за отворање бизнис, Македонија дефинитивно е лидер во европски рамки по ниските трошоци и по малиот број на чекори за отворање на бизнис. Овие намалени цени за 5, и за 2 пати, се голема придобивка за младите, и ова исполнето ветување на Владата е јасен доказ дека младите лица и студентите се во фокусот на владините политики.“, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Навистина, намалување на таксите за отварање на фирми може да биде добра мотивација за студентите. Сега се што останува за да отворат добар стартап е добра идеја, добар тим да ја развие, добар маркетинг и бизнис план кој ќе привлече клиенти и инвестиции кои ќе ги покријат месечните трошоци за да се оддржи таа фирма. Со среќа.
Коментари
5 коментари
Коментарите се затворени.