4 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: ФИНКИ ги пречека идните македонски информатичари

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ги пречека основците од основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ на час на кој беше демонстрирана употребата на современата технологија во едукацијата на младите.

На часот беа презентирани NAO хуманоидниот робот, Microsoft Kinect како и SRV-1 роботот кои се дел од опремата на Лабораторијата за роботика и интелигентни системи при ФИНКИ. На часот беше демонстрирана употребата на оваа современа технологија за едукација во основното образование преку едукативните игри кои ФИНКИ ги разви за тие потреби. Беше промовирана и апликацијата од студентите од ФИНКИ која учествуваше на Microsoft Imagine Cup натпреварот и нејзините можности за користење во едукативни цели. Дополнително беа демонстрирани и можностите за развој на алтернативни кориснички интерфејси за управување на мобилни роботи.

Овој настан е прв од низата настани кои ќе следат, а во кои ќе се третира примената на современите технологии во образованието. Целта на овие настани е ФИНКИ да го истакне своето мото „пасија за технологија, пасија за наука, пасија за живот“ за да ја разбуди желбата за изучување и примена на технологијата кај младите генерации.

[youtube]mhq8Q-xA2p4[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top