0 коментари 1 мин. читање

Министерството за образование ќе креира видео игри за основните училишта

Mинистерството за образование реши да креира видео игри за да воведе „дигиталн технологии“ во образовниот процес. Со оглед на тоа дека децата најмногу учат кога „не знаат“ дека учат, проектот „Учење преку игра – Видеоигри“ сака да ја искористи желбата на децата за забава и преку ниа да им ги поедноставни и, се надевам, да им ги визуелизира содржините од наставната програма.

За проектот ќе биде објавен тендер за избор на компанија која ќе ги креира игрите кои треба да бидат базирани на наставната програма и содржината на предметите за кои ќе бидат изработени. Не успеав да пронајдам линк од конкурсот, а министерството не ни одговори на имејл какви се условите за конкурсот, ниту сподели детали за игрите. Тоа што го знаеме од соопштението е дека најпрво ќе бидат креирани видео игри за предметите:

  • запознавање на околината за трето оделение;
  • физика и хемија за седмо и осмо одделение;
  • природа за четврто оделение;
Mинистерството вели во соопштението дека се надеваат дека овој пристап ќе допринесе за зголемување на интересот за одбраните предмети, како и зголемување на знаењата на учениците за избраните содржини. Не е за занемарување и запознавањето на учениците со едукатвни игри и софтвер. Надежите се дека видео игрите ќе ја истакнат креативноста на учениците, како и ќе послужат за примена на здобиеното знаење во секојдневието.
Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top