2 коментари 2 мин. читање 5 април, 2012

Над 600.000 Mac компјутери се инфицирани со Flashback тројанец

Apple објави закрпи за Java со која се поправа пропустот поради кој околу 600.000 компјутери се најдоа инфицирани од Flasback Trojan, препознатлив по тоа што го напаѓа Mac OС X оперативниот систем.

Првите информации за оваа ботнет мрежа дојдоа од руската безбедносна компанија Dr. Web, чии аналитичари открија дека околу 274 компјутери од стотината илјади инфицирани се од Купертино, Калифорнија, каде е и седиштето на Apple. Скоро 57 отсто од заразените компјутери се во САД, 20 отсто во Канада.

Овој тројанец беше откриен во септември 2011-та скриен како лажна инсталација на Adobe Flash Player. Подоцна се откри дека има и верзија која го исклучува анти-вирус надградбите на Мac OS X, а сега се откри дека има уште една нова верзија која ги злоупотребува ранливостите на Java, што за корисниците е лоша вест бидејќи тројанецот го инфицира компјутерот без нивна интеракција, туку само со посетување на злонамерен сајт.

Според Dr. Web, системите се инфецираат со BackDoor.Flashback.39 откако корисникот ќе посети некои лажни сајтови преку компромитиран извор или систем за дистрибуирање на сообраќај, по што се вметнува JavaScript код кој ја содржи ранливоста.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Виктор
Виктор
14 years ago

Сепак, Mac има 99% помалку вируси од Windows. #факт

@joeymk
14 years ago
Reply to  Виктор

Дека 99% е помалце на пазарот #факт

Мени
Заедница
Изглед
To top