1 коментар 1 мин. читање

50 милиони корисници за 50 дена, Draw Something го презеде врвот од Angry Birds

Само само 50 дена од објавувањето, мобилната игра Draw Something, за Android и iOS, успеа да привлече над 50 милиони корисници и да стане најбрзо растечката апликација. Покрај неверојатните бројки, апликацијата успеа да го преземе првото место на Аpple App Store oд Angry Birds.

Draw Something е уникатна игра која ги поканува корисниците да нацртаат слика која потоа ќе ја споделат со пријателите кои треба да погодат што има на сликата. Играта е предизвикувачка бидејќи бара вештина за да излезе добар цртеж, екстремно забавна бидејќи не секој знае да црта, и е друштвена. Токму во друштвеното се и крие трикот за виралната популарност на оваа апликација бидејќи корисниците се тие кои ги покануваат своите пријатели да ја користат. До сега се нацртани неверојатни 6 милијарди цртежи.

Играта е во сопственост на кој друг ако не на Zynga која неодамна го купи оригиналниот креатор на Draw Something, ОMGPOP за 180 милиони долари. Zynga е најголема компанија за друштвени игри чии наслови вклучуваат FarmVille, Texas Hold’Em, Mafia Wars и многу други.

Пред некој ден објавивме интересен инфографик за неверојатниот раст на Draw Something кој може да го погледнете тука.

[youtube]EjF9rM_8KiI[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top