0 коментари 2 мин. читање 12 април, 2017

Паркинзи Општина Центар ја претставија својата мобилна апликација

Граѓаните на Општина Центар може да почнат да ја користат мобилната апликација на Паркинзи Општина Центар.

Апликацијата е достапна на Android и на iOS, а може да се користи за полесно да се пронајде и да се плати паркинг. Дополнително, апликацијата е корисна и за купување на дневна паркинг карта и плаќање преку платежна картичка. Ова важи за сите корисници на апликацијата. Плаќањето е преку SMS, но наместо порака корисникот со апликациајта внесува регистрација, зона и број на часови.

Корисниците на апликацијата кои се резиденти во Општина Центар имаат повеќе можности. Така, може да: купуваат и активираат гостиниски часови преку апликацијата; да вршат преглед на договорот; потсетник за истекување на договор и податоци, нотификации и известувања кои би можеле да бидат интересни за корисникот.

„Следејќи ги глобалните трендови во технологијата, во насока на задоволување на современите потреби на корисниците на паркиралиштата кои се под ингеренции на Општина Центар, ЈП Паркинзи на Општина Центар разви и ја стави во употреба апликацијата за мобилни уреди“, изјави Саша Богдановиќ, директор на Паркинзи Опшина Центар.

Апликацијата е интересна замена на SMS плаќањето, но единствено корисниците ќе можат да покажат колку ќе биде корисна. Апликацијата е достапна на сите Android корисници со оперативен систем понов од Android 4.2 и на iPhone оперативен систем iOS 8 и понов.

 

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top