36 коментари 1 мин. читање

IT.com.mk e прогласен за најдобар eкс-Ју веб проект на хрватските VIDI награди

„IT.com.mk е највлијателниoт македонски медиум кој пишува за новите технологии и ги застапува интересите на корисниците, и воопшто на сите потрошувачи, користејќи техника на истражувачко новинарство во комбинација со мобилизирање на ИТ заедницата соберена преку форум и друштвените медиуми“, вели VIDI.

Благодарност до VIDI.hr за наградата, и огромна благодарност и до сите посетители и македонската ИТ заедница која постојано и немилосрдно не предизвикува и ни дава поддршка да креираме нешто вредно.

Но, се разбира дека IT.com.mk нема да застане тука. Следниот чекор е стартување на IT кариера (бета), сервис за сите ИТ професионалци и компании да најдат и понудат можност за работа.

Продолжуваме со работата во надеж дека ќе придонесеме кон поконкретна ИТ револуција во Македонија.

(фотографијата е на Krasnodar Peršun/Nacional.hr)

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

36 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top