IT кариера нуди објавување на неколку вида огласи во неколку категории. Можете да објавите оглас за привремено вработување во категорија за „e-Mаркетинг“, или оглас за хонорарно вработување во категоријата „Веб програмирање“… зависно од потребите.
Пребарувањето на IT кариера може да се направи според огласите, категориите, платата, датумот и според интересниот клучен збор.
Во моментот сервисот е во бета, тест фаза, за да видиме како ќе функционира, но секако дека секој оглас ќе биде прифатен, прегледан и објавен. Предлозите и забелешките се добредојдени.
Како да се регистрирам и објавам оглас?
Регистрирањето е лесно, Ви треба корисничко име, имејл и лозинка.
Објавување оглас е уште полесно. Само ги пополнувате потребните полиња. Полињата со ѕвезда ( *) се тие што мора да ги пополните, сите останати се по избор. На крај откако ќе ги пополните полињата, проверите и повторно прегледате, кликнете „Потврди“. Во рок од 24 часа огласот ќе биде објавен на сајтот.
Еве пример како изгледа еден оглас.
Правила?
Конкретни правила нема. Огласникот за работа е бесплатен и за сите ИТ професионалци. Но за да нема спамирање и лажни огласи IT.com.mk ќе го прегледа огласот пред да биде објавен во рок од 24 часа.
Секој понатамошен контакт со заинтересираните и работодавачите оди преку автоматската веб форма, соодветен имејл или друг контакт напишан во склоп на огласот.
Коментари
17 коментари
Коментарите се затворени.