5 коментари 1 мин. читање

Windows Phone 7 и LG Optimus 7 пристигнаа во Македонија

Покрај новините на Windows Phone 7 платформата, како апликацијата за пријатели, фотографии и Office апликација за документи, Optimus 7 доаѓа со две специфични апликации. Едната е Play To со која можете да споделувате мултимедијални фајлови, слики и фотографии, од други уреди и истите да ги стримаат на телевизор или преку звучници.

Втората интересна апликација е ScanSearch (видео подолу), која е апликација со проширена реалност со која преку дигиталниот компас, Bing мапите и камерата може да се разгледуваат точки од интерес кои се најблиску до корисникот. Пример, ви прикажува кои ресторани се најблиску до вас.

Што се однесува до хардверските перформанси, LG Optimus 7 има 3.8 инчен WVGA LCD дисплеј со 800×480 пиксели. Има 16 GB внатрешна меморија, 1500mAh батерија која би требало да држи околу 2 дена, зависно од користењето, и која може да се менува. Има 5MP камера која може да произведе 720p HD видео и можност за 16:9 фотографии, како и Panoramic Mode за сликање на 360 степени.

Телефонот ќе биде понуден од Vip операторот со Super Smart тарифата, што е договор на 24 месеци со 2.000 денари претплата за бесплатни разговори кон сите национални мрежи + 1GB интернет.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top