10 коментари 2 мин. читање

Macedonia Live Messenger – бесплатен македонски инстант комуникатор

Со програмот можете да дискутирате во живо, да се праќаат документи, јавни и приватни канали за комуникација, пребарување на пријатели, а најавени се бесплатни телефонски и видео повици.

Macedonia Live месинџерот им се допадна на повеќето членови на форумот на It.com.mk па еве дел од корисничките мислење за овој програм.

  • @ILE@: Доста привлечно ми седи апликацијата, посебно тоа што е сработена од наши луѓе, и доста добро е направена. Во моментов ја тестирам затоа се уште немам посебно лошо или пак добро за неа.
  • B^nDIT: Убав кориснички интерфејс (UI), едноставност… А каналите како на IRC се екстра.
  • Vordan: Ставете веднаш некој light систем (без преголеми регистрации) за поддршка и feedback од корисниците – вашиот продукт само ќе бенефицира од тоа. Каде сте на Twitter? А Facebook?
  • Daci93: На прв поглед изгледа како програма стартувана на Win 95 или Win 98, функционалноста е добра, но не ми се допаѓа што нема поддршка за Facebook, Twitter, Windows Live и уште многу други такви мрежи. Ми се допаѓа имплементацијата на world chat (irc) опцијата, но сепак тоа не е нешто иновативно. Потребно е да се поработи на GUI-то на самата апликација…
  • 01_Vlatce: Добра замисла, но дека е на нивото на MSN, Skype… Мислам, плиззз.
  • ExtremeBt: Еден голем ЛАЈК за проектов! Вчера за прв пат го тестирав, има доста багови, но се надевам дека брзо ќе ги поправат.
  • Aleks: Дали овој софтвер е слободен софтвер и ако не е, зошто не е ?
  • Gdamjan: Ако програмов не користи отворени протоколи за комуникација, а таков е само еден за IM (jabber/xmpp) тогаш нема никаква поента.

По објавување на текстот Жарко од Macedonia Live искоментира на форумот дека:

„Програмата е работена во C/C++, моментално неможе да се поврзе со други месенџери преку xmpp протокол но тоа би било возможно во иднина без да се наруши компатибилноста со претходните верзии. Не сме во можност (барем не засега) да обезбедиме најавување на Facebook и Twitter директно во Macedonia Live.“

Доколку сакате да прочитате или споделите мислење или искуство со Macedonia Live месинџерот дискусијата продолжува на форум.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

10 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top