0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Има уште малку време да се пријавите на Startup Weekend Skopje

Останаа уште неколку дена за да учествувате со вашата идеја и стартап на Startup Weekend Skopje. Рокот за пријавување е до петок, 20-ти ноември. Настанот трае од 20-ти до 22-ри ноември кога завршува со големо финале и прогласување на најдобрите стартапи.

Целта на Startup Weekend Skopje е едноставна – oва е 54 часовeн настан на кој се дружат луѓе, ментори и претприемачи и работат на идеи кои можеби ќе прераснат во следниот Airbnb, Skype, Facebook… Oк, можеби ќе креираат некој помал сервис, но во секој случај треба да направат нешто. Изминативе Startup Weekend настани видовме еден куп идеи, но потоа настануваше молк од учесниците кои не продолжија да ги развиваат тие идеи. Се надеваме дека годинава ќе видиме вистински продукти.

Startup Weekend глобално има повеќе од 1.500 настани во повеќе од 660 градови во 120 држави. Настанот до сега има анимирано повеќе од 123.000 учесници на глобално ниво.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top