По најавата за индексирање на Facebook, Google најави нова голема промена во својата мобилна апликација. Google сѐ повеќе се фокусира на мобилното, со цел да овозможи што е можно полесно наоѓање на уникатни содржина за оваа платформа. Но, кога станува збор за мобилната платформа, во содржина се вклучуваат и апликациите. Google сега ќе ги индексира и стрима Android апликации. Промената е во тоа што сега во резултатите од пребарувањето ќе се појавуваат и резултати од апликации кои немаат веб содржини, односно немаат соодветен вебсајт. Први апликации чии резултати ќе бидат достапни во пребарувачот се: Hotel Tonight, Weather, Chimani, Gormey, My Horoscope, Visual Anatomy Free, Useful Knots, Daily Horoscope и New York Subway, јави VentureBeat.
Можеби поважно е што ќе се стримаат апликации кои не се инсталирани на телефонот. Стримот е овозможен токму преку резултатите од пребарувањето на кои ќе биде додадено Stream копче. „Апликациите се вчитани во виртуелни машини на Google облакот, а клиентот ги испраќа податоците за интеракциите. Потоа облакот ги извршува овие команди, ја рендерира апликацијата и ги испраќа пикселите до клиентот,“ вeли Рајан Пател зa Techcrunch.
Овие промени ќе овозможат пристап до податоци до кој дел од корисниците немаат пристап. Дел од податоците се ексклузивни за мобилни платформи и можеби немаат значење надвор од овој контекст, но дел од нив поради се поголемото префрлање на мобилните платформи, нема причина да бидат креирани за десктоп. Сега овие содржини, а со тоа и самите апликации ќе можат да бидат поедноставно пронајдени и достапни за сите.
[…] грешка се појавува единствено на мобилната верзија на пребарувачот и најверојатно ќе одведе повеќе […]