9 коментари 2 мин. читање

Смени го градот со Поправи.мк

Идејата на веб сервисот е навистина добра. Освен што повикува на свеста на граѓаните, сервисот им нуди и конкретно решение како да помогнат. За идентификување на проблемот има мапа каде треба да си кликне за да се одреди локацијата на проблемот, да се закачи слика, одбере категорија и пише објаснување на проблемот.

Тоа што е интересно е како Поправи.мк ќе влијае врз општините. Најавена е „интеграција со општините, меѓудругото праќање известувања за проблемите“, но колку се општините спремни да реагираат?

Надополнето: „Она што со сигурност ќе го добијат граѓаните е пријавените проблеми да завршат во фиоките или inbox-овите на општините, а дали општините ќе видат корист и ќе сакаат да земат активно учество во овој тракер за проблеми (кој е практично наменет и за нив) и да ги решаат проблемите останува да видиме.“ ни пиша, подолу во коментарите, Далибор Насевиќ, еден од креаторите на Поправи.мк.

Поправи.мк има и мобилна Android верзија, што помага при откривање на проблемите бидејќи ако имате телефон тогаш ќе можете и да сликате. Самата Android апликација е подобро дизајнирана од сајтот, дури има и местење на тежината на проблемот од 1 до 10, што наведува дека сервисот е наменет за користење преку мобилен, додека се движиме. Тогаш да се надеваме на iPhone, Blackberry и Symbian верзии?

Надополнето:„Во план е да го отвориме API-то од веб сервисот, па тогаш секој би можел да направи мобилна апликација за било која платформа. “ вели Далибор.

Па што чекате? Како да нема мал милион проблеми во вашата околина?


 

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

9 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top