3 коментари 2 мин. читање

Ги повикуваме сите иновативни стартапи од Македонија!

(Ова е гостински пост на Митко Цабевски, ко-основач на стартапите Ambio.me и U:plug, и иницијатор зад Foundedin.mk)

Сите земји од светот имаат свои посебни предности и карактеристики што ги прави уникатни и различни. Но, она што е заедничко кај сите овие земји се младите претприемачи кои се спремни да ризикуваат и да го менуваат светот.

Македонија е далеку од Силициумската долина, но тоа не значи дека не може да почнеме да размислуваме како Силициумската долина. Ајде да го смениме начинот на размислување и да изградиме претприменичка култура која го прославува секој ризик, идеја, сон, искрена пожртвуваност и напорна работа. Силициумската долина е состојба на умот! Тоа го докажуваат земјите како Велика Британија, Германија, Франција, Холандија, Полска, Израел кои успеаа да станат регионални стартап центри.

FoundedX e глобална иницијатива која има токму таква цел – промоција и поддршка на локални стартапи кои се желни да бидат дел од глобалната стартап сцена, но се горди на своето потекло.

Денес, како скромен почеток, со огромно задоволство и ентузијазам се приклучуваме на глобалното FoundedX семејство и ја објавуваме иницијативата за Founded in Macedonia – www.foundedin.mk.

Ги повикуваме сите иновативни стартап компании од Македонија да се пријават и да станат дел од глобалното FoundedX семејство, а ние ќе дадеме се од себе за нивна промоција, вмрежување и да исчекорат на глобалната стартап сцена.

Во мое лично име и во името на Теди, Влатко и Дејан сакам да изразам огромна благодарност до Даниел Јанев кој го осмисли и дизајнираше визуелниот идентитет, како и до Mhost за бесплатниот хостинг. Благодариме!

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top