3 коментари 1 мин. читање

Tesla ќе заработи 10 милијарди долари oд Model 3 за само два дена

Само од нарачките на Model 3, Tesla Motors досега собра 10 милијарди долари. Нарачани се над 276.000 модели на Model 3, што ги надмина сите очекувања, дури и очекувањата на секогаш оптимистичкиот Илон Маск.

Цената на Model 3 кој е досега најдостапниот автомобил на Tesla е 35.000 долари, но заедно со дополнителната опрема може да достигне до 42.000 долари, што ќе обезбеди дополнителна заработка. Она што може да биде проблем е прашањето дали волкавиот интерес за автомобилот ги изненади и во Tesla.

Илон Маск на својот Twitter профил објави дека компанијата ќе мора да го ревидира планирањето на производството. Плановите на Tesla се првите Model 3 автомобили да бидат достапни во 2017 година. Со претходниот автомобил Model X, Tesla имаше проблеми, па автомобилот доцнеше три години, потсети Guardian.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top