0 коментари 2 мин. читање 5 април, 2016

Српскиот AskGamblers се продаде за 15 милиони евра

Српскиот сервис за рангирање на казина, AskGamblers, за 15 милиони евра ќе биде дел од Catena Media од Малта. Порталот кој постои девет години е меѓу најпосетуваните сервиси од овој вид, и три години по ред е прогласуван за најдобар сајт за игри на среќа на светско ниво, јави Startit.rs.

AskGamblers на посетителите им овозможува рангирање на казината, но и можност за решавање на споровите со онлајн казината. Во споровите во кои сајтот беше посредник на играчите им се вратени 5 милиони долари. „Исклучително сме горди на аквизицијата на AskGamblers кој е еден од најдобрите брендови на affiliate пазарот и чија работа во целост е во склад со Catena Media. AskGamblers е многу важен сајт за операторите на казината и покрај строгите услови за сертифицирање на казината, допринесува за подобрување на iGaming индустријата“, велат од Catena Media.

Компанијата има 30 вработени и сите кои се заинтересирани ќе можат да останат да работат и под малтешкото раководство. Пред аквизицијата српската компанија годишно заработуваше околу 810.000 евра, од кои 80% се профит. Заработката доаѓа од органски посети и од клиентите кои имаат affiliate статус.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top