Raspberry Pi 3 доби 64-битен процесор и Wi-Fi, чини 50 долари

Новата верзија на микро-компјутерот Raspberry Pi, која е во продажба од 29 февруари, доаѓа со нов 64-битен процесор што овозможува 50 отсто подобри перформанси. Претходниот ARM Cortex-A7 процесор е заменет со ARM Cortex A53 na 1.2GHz. Остатокот од хардверот е без поголеми промени, но производителите им излегуваат во пресрет на корисниците кои сакаат Raspberry да го користат како главен компјутер, па сега доаѓа со WiFi и Bluetooth. Надградбата на RAM меморијата е помала, па сега Pi работи на 900MHz, а слична надградба е направена со VideoCore IV која работи на 400 MHz.

„Ова е првиот Pi кој може да го вклучите на телевизорот и да го заборавите“, Вели Ибен Аптон, основач на фондацијата за BBC. Новитет е и што новиот Raspberry Pi 3 е првиот кој доаѓа со поддршка за Windows 10 IoT Core, а од Microsoft веќе објавија дека оперативниот систем е подготвен за преземање во „Insider Preview“-програмата. Raspberry Pi 3 ќе биде достапен за продажба и во Microsoft Store. Речиси истовремено со новата верзија на микро-компјутерот фондацијата објави дека успеале да ја надминат продажбата на Amstrad PCW и со тоа сега се најпродаваниот британски компјутер.

„Ние сме најдобро продаваниот британски компјутер на сите времиња“, велат од компанијата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Бојан
Бојан
10 years ago

Мала корекција – Цената на Raspberry Pi 3 е 35 фунти односно 48,9 долари или во маркетот на Мајкрософт 49,99 долари.

Виктор Дано
10 years ago
Reply to  Бојан

Tnx.

види ги сите огласи на kariera.it.mk