1 коментар 2 мин. читање 1 март, 2016

Македонскиот Makergoals се најдe меѓу популарните проекти на Product Hunt

Не се случува секој ден твојот продукт да биде ставен меѓу популарните на Product Hunt, глобална заедница на програмери кои споделуваат свои продукти. „Ние сме featured!“, возбудено пиша Калина Зографска, која заедно со Александар Тасевски и Илија Бошков учествуваа на глобалниот хакатон на Product Hunt што се оддржа последните три дена на февруари.

Нивниот проект е Makergoals, или сервис кој и помага на Product Hunt заедницата да најде активни и влијателни контрибутори. Сите на листата се поврзани со нивниот Twitter профил за да може да се дојде до брза комуникација со нив; и има можност за филтрирање според локација и држава. Ова е корисно бидејќи може да се допре до локална заедница кога се промовира локален продукт.

Листата содржи и статистиките на активните корисници и гласовите од заедницата кои можат да се твитнат во .gif формат. Повеќе за проектот може да прочитатe на нивниот пост на Medium.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top