13-инчниот MacBook Pro ќе има Retina дисплеј

во Хардвер

Apple ќе претстави 13-инчен MacBook Pro со Retina екран, пишува 9to5mac. Официјално од Apple најавата треба да пристигне на прес конференцијата закажана за подоцна во октомври. Се очекува 13-инчниот MacBook Pro да биде претставен заедно со помалата верзија на iPad.

Тринаесет инчниот лаптоп ќе доаѓа во две конфигурации, со различни процесори и простор, а ќе биде достапен брзо по најавата. Според изворот куќиштето ќе биде блиско до 15-инчиот MacBook Pro од јуни. Првичните најави за резолуцијата не екранот се 2560 х 1600 наспроти 2880 х 1800 кај 15-инчната верзија.

Иако се шпекулираше дека  презентацијата на лаптопот ќе биде на прес конференцијата за iPhone 5 тоа не било направено поради проблемите со ладење кој ги имал уредот. Покрај ова најавен е и нов 15-инчен MacBook, двата нови уреди се со работно име  D1 и D2, со тоа што D2 ќе биде поголем 15-инчен, а 13-инчниот MacBook ќе биде  D1.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk