Surface Laptop Studio е новиот супер-моќен лаптоп на Microsoft

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Microsoft го најави новиот лаптоп Surface Laptop Studio кој ќе биде наследник на Surface Book серијата на лаптоп компјутери.

За разлика од претходникот, оваа генерација доаѓа со екран кој не може да се оддели и да се користи како таблет компјутер. Сепак дизајнот не е стандарден за најголем дел на лаптоп компјутерите. Екранот наместо на долниот дел со „тастатурата“ преку два зглоба е поврзан на средината. Ова не е првпат да го видиме ова решенија, но секако не е ниту честа изведба. Она што е стандардно за лаптопите е целиот хардвер да биде во основата, а Microsoft во оваа серија префрли сè во долниот дел.

Што се однесува до хардверот, ова е најмоќниот Surface лаптоп досега. Компјутерот доаѓа со 11-та генерација Intel Core i5 или Core i7 процесор и Intel Iris Xe или Nvidiа RTX 3050 Ti графичка картичка. Конфигурациите доаѓаат со 16 GB и 32 GB RAM и максимален капацитет на SSD до 2TB. Мониторот е 14,4 инчен PixelSense Flow со резолуција од 2400х1600 пиксели и 120Hz рефреш. Surface Laptop Studio доаѓа со Thunderbolt 4 и 2 USB-4 порти, Surface порта за полнење и стандарден приклучок за слушалки.  

Компјутерот може да работи на три различни начини. Едниот е како стандарден лаптоп со тастатура и тачпад. Вториот со повлекување на екранот до половина нанапред е за презентација, гејминг, гледање телевизија и слично. Последниот мод е со целосно повлекување на екранот над тастатурата. Ова Microsoft го нарекува „Studio“-мод и го претвора лаптопот во таблет за цртање. Секако за овој модел е клучно електронското пенкало Surface Slim Pen 2, кое сепак се продава одделно од уредот.

Цената на овие лаптопи секако не е ниска. Основниот модел доаѓа за 1600 долари, а испораките започнуваат од 5-ти октомври. Претпродажбата на Surface Laptop Studio е веќе започната.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] post Surface Laptop Studio е новиот суп&#1077… appeared first on […]