На својот Unleashed настан, Zynga, креаторот на друштвени игри, го најави второто продолжение на популарната FarmVille која сега ќе биде со 3Д графика која ќе им овозможи на десетиците милиони играчи да ги гледаат фармите од различни агли, и ќе има поголем друштвен елемент и креирање на виртуелни добра.
„Сите ваши згради, растенија и живторни се прикажани во 3Д. Може да ги видите од повеќе агли, можете да ги ротирате, да имаат побогата форма – сево ова носи посебна новост во играта.“, вели Zynga.
Moжеби FarmVille веќе не е толку интересна на играчите кои сакаат нови игри, но сепак, како што ни открива Zynga, играта со фарми е една од најголемите наслови кои им носат 30 отсто од приходите.
На настанот Zynga ја најави и својата друштвена мрежа Zynga with Friends. Мрежата е активна на Zynga.com и преку неа може да се поврзуваат луѓето со заеднички гејминг интереси преку разни платформи – десктоп, iOS и Android. Ќе има чет, статистики од игрите и пристап до сите нови игри. Ќе се користи и посебна виртуелна валута, што ја открива намерата на Zynga да се отргне од Facebook кому му плаќа 30% од секоај трансакција.







