Сега ќе може да имате виртуелен секс со новата The Ville на Zynga

Zynga, компанијата која го промени друштвениот гејминг со Facebook игри како FarmVille, Mafia Wars, CityVille и други игри, сега оди еден чекор понатаму. За прв пат Zynga ќе претстави друштвена игра преку која корисниците ќе можат да имаат виртуелен секс.

The Ville е игра инспирирана од The Sims, но на пониско ниво. Во играта корисниците ќе можат да градат свој дом од соништата, да готват со работи кои ги одгледуваат соседите, и да ги повикаат пријателите на гости и журки на кои може до дојде до романса. Во таков случај корисниците ќе може да имаат секс кој ќе биде прикажан на затемнет екран со куп срциња кои лебдат.

Доколку си помислите дека The Ville e повеќе симулација на излегување со девојки и дечковци и барање на „сродна душа“, тогаш не сте единствените, иако, според Zynga, романтичниот дел е само мал дел од играта.

Сите Facebook корисниците ќе може да ја играат. Ќе нема рестрикција на години, но тоа ќе биде оставено на системот на Facebook.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk