0 коментари 2 мин. читање

Битолчанец со гребка купена во Охрид стигна до скутер

Државна лотарија на Македонија на барање на играчите кои се млади во срцето, го понуди инстант лоз со добивки скутери-Смајли. Со овој инстант лоз ја славиме 20-годишнината на емотиконот смајли и уметноста на графитите. Инстант лозот СМАЈЛИ чини 30,00 денари а нуди можност за освојување на еден од 35те скутер: SR 50, Gilera Runner 50 или Vespa LX 2T!. За повеќе забава во играта вклучени се и помали добивки од 50 и 30 денари што го прават секој трети лоз добитен и ги зголемуваат шансите за побрзо доаѓање до посакуваниот скутер.

Денес ,точно на пладне пред салонот на Динамикс во Скопје, Државна Лотарија на Македонија ги доделија клучевите на 6 скутер во инстант лотаријата Смајли. Владимир Војнески од Битола е редовен играч на игрите на Државна Лотарија на Македонија. Досега немал ни една добивка. Конечно гребката Смајли купена на викенд во Охрид ја ослободува неговата среќа и го носи до првата добивка, скутер. Гребката ја купил во продажното место на Тобако.

За три месеци од пласирањето на грепката Смајли на пазарот, доделивме шест скутери и тоа, по еден во Куманово, Гостивар и Битола, а три во Скопје. Остануваат уште 29 како и бројни помали добивки од 50 и 30 денари.

ЗА ДОБРО!

Овој текст е платен ПР текст на Државна Лотарија на Македонија.
IT.com.mk не сноси никаква одговорност за содржините на истиот.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top