Moжеби сте веб дизајнер, програмер, хардверџија… но ако кликате често на компјутер тогаш во очите на вашите пријатели сте ИТ професионалецот кој знае се за компјутери и кој има секогаш слободно време и волја да поправи туѓ компјутер, дури и да преинсталира цел оперативен систем.
@Kenzoawa а.к.а. Здравко Спасев, стартуваше нов кириличен хаш-таг на Twitter со кој сподели некои типични муабети кои верувам поголемиот дел од вас ги имате чуено. Всушност, и самиот хаш-таг ја илустрира прекрасно перцепцијата на другите за ИТ луѓето – без врска на експертизата, за нив сите се #компјутерџии.
Кои од овие муабети ви се познати? :)
„друже, ај да го средиме компјутеров па ќе праиме СКАРА деновиве, ќе седнеме ко луѓе, не ВАКА само за ИНСТАЛАЦИИ“ #компјутерџија
„знаеш да форматираш ? тоа икспе, ворд, ексел ? “ #компјутерџија
„слушај..да те прашам нешто..“ #компјутерџија
„слушај…да поминам да те земам ? ќе го удрам од земја компјутеров, и земи ги цедињата за ИНСТАЛАЦИЈА“ #компјутерџија
„друже, син ми нешто чепкал, сурфал по некои сајтови, сега НИШТО не отвора, ај помини срце си“ #компјутерџија
„еј брат, абе да го зирнеш нешо компјутерот а? нешо не ми отвара, ај помини ќе пиеме по едно кафе“ #компјутерџија
„абе имам едно пријателче, се разбира нешо у компјутери, да го зирне ? ќе му пуштиме пиво, салата“ #компјутерџија

Коментари
12 коментари
Коментарите се затворени.