Околу идејата зад ФИНКИ

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

Професорите на новиот Факултет за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) објавија блог пост во кој ја објаснуваат идејата зошто ги споија двата ИТ институти во еден нов факултет.

Во исчекување на почеток на првата година на ФИНКИ, ова обраќање е доста позитивен знак. Подолу го споделуваме целиот блог пост од професорите, но исто така за повеќе увид во новиот факултет прочитајте го интервјуто со деканот на ФИНКИ, Димитар Трајанов. Повеќе информации ќе најдете и во други два блог постови од ФИНКИ, за Зошто да го изберам ФИНКИ? и ФИНКИ е мој избор.

Околу идејата за ФИНКИ, зошто го направиме и зошто тој беше личен избор на професорите

„Во овие изминати десет години поминавме трнлив пат, за да се направи посебен Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, се боревме со сите сили. Очигледно во овој наш потфат, успешно се покажавме на првиот позначаен предизвик, запишувајќи речиси 600 извонредно квалитетни студенти. Покажавме дека ФИНКИ е различен факултет и што е уште поважно и на што ние сме особено горди, многу позитивно влијае на нашата околина која почна да ги следи нашите идеи и постапки.

ФИНКИ го направиме не за да биде само најдобар во Македонија, туку за да биде препознатлив и во светот, да биде факултет на кој ќе сакаат да студираат и студентите од нашата околина и регионот. Во овој период од само половина година се изборивме ФИНКИ да стане дел од европскиот проект EUROWEB за студентска мобилност и признавање на кредитите.

Многумина од вас, кога зборувавме за можностите за избор и продолжување на ФИНКИ, кажуваа дека ако не предаваме на ФЕИТ, тогаш сигурно ќе продолжат со студиите на ФИНКИ. Искрено кажано, во една ваква ситуација тоа би значело дека студентите ќе бидат приморани да се префрлат на ФИНКИ. Не сакајќи да се најдеме во ваква улога, овозможивме наставата да биде иста за сите студенти. Тргнувајќи од ваквата ситуација, сега ФИНКИ треба да го одберат само оние кои веруваат дека тука ќе добијат повеќе, треба да го одберат само оние кои веруваат дека со овој избор ќе имаат поголема перспектива во животот. ФИНКИ е факултет за оние кои веруваат дека информатиката е доволно голема и зрела наука за да има свој сопствен факултет, а тие да бидат дел од него.

Околу идејата за ФИНКИ, зошто го направиме и зошто тој беше личен избор на професорите: http://j.mp/p8wQdCless than a minute ago via TweetDeck Favorite Retweet Reply

Изборот не го направивме заради тоа што сè ќе биде полесно, едноставно го направиме заради тоа што како компјутерски инженери сакаме да предаваме на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, сакаме да можеме сами да ги организираме своите предавања, да одлучуваме што ќе им биде понудено на нашите студенти, да креираме нови предмети, нови студиски програми, директно да преговараме со ИТ компаниите, да можеме да даваме стипендии на најдобрите, едноставно да ја следиме динамиката која ја налага ИКТ технологијата.

Вие сите сте информатичари и овој потфат не им припаѓа само на Вашите професори, одговорноста не е само кај нас. Сега сте студенти, за година, две или три ќе бидете инженери. Сега сите зеднички ја имаме обврската да се бориме нашата фела, нашата професија да го добие заслуженото место во општеството, местото кое сите заедно го заслужуваме. ФИНКИ е факултет за професорите и студените кои ќе вложат повеќе, кои ќе работат повеќе, зеднички ќе се борат да ги сменат работите и да направат факултет и професија на која сите ќе бидат горди.

Без разлика на секоја Ваша поединечна одлука, од проектот ФИНКИ бенефит ќе имаат сите студенти на ИКИ и ИНФО, некои повеќе, а некои помалку. Од проектот ФИНКИ бенефит ќе имаат и останатите студенти на УКИМ. ФИНКИ покажа дека иако е државен факултет, професорите и асистените знаат да се борат за својата институција, дека тие можат и сакаат да се вложат себе си во успехот на својот факултет. ФИНКИ покажа дека борбата и посветеноста дава резултат.

Во овој изминат период ФИНКИ покажа дека е отворен и транспарентен, секогаш позитивен кон својата околина, посветен на градење на партнерски однос со студентите, компаниите и другите факултети. ФИНКИ докажа дека не е „експеримент“, туку сериозна институција која ја продолжува традицијата на негување на академски вредности. ФИНКИ никогаш не објави текст за кој се покажа дека е невистинит. ФИНКИ никогаш не мораше да ги менува своите изјави или да ги релативизира своите ставови. ФИНКИ во моментов не пласира контрадикторни информации на своите официјални веб страни.

Ве повикуваме да ни се придружите и да ја покажете на дело Вашата доверба во нас, Вашите професори. Ние свесно направивме договор кој никако не Ве принудува на еден избор, бидејќи за да успееме потребни ни се студенти кои имаат доверба во нас и веруваат во концептот на ФИНКИ.

Професорите го направија својот избор, матурантите го направија својот избор, ИТ компаниите го направија својот избор, вашите колеги од ПМФ го направија својот избор. Направете го и Вие вашиот, не останувајте надвор од информатичкото јато во Македонија.

Одберете го ФИНКИ, бидете на ист факултет со своите професори и дозволете ни нам, Вашите професори, едноставно да се бориме за Вас, заедно да се бориме за местото кое го заслужува информатиката во Македонија.“

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
2 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
Ванчо Орданоски

Насловов е тапа! Што значи "околу" во контекстот? Ништо.
А и текстот е полн со граматички и зборовни грешки. Се гледа дека "инџилериве" бегале од часовите по македонски јазик. :)

А ФИНКИ е одлична идеја. Го сакаме!

NoName
NoName
13 years ago

Околу насловот, околу значи тоа што значи околу а ти ако не разбра не мора да се фалиш со тоа околу и да коментираш околу колку да имаш коментар,
за грешките … јазични и зборовни … е ако бараш влакно , секаде и ќе го најдеш ете ти не си бегал од часови и ги најде грешките
а за тоа дека ФИНКИ е одлична идеја ( со ј требаше или не :) ) тоа ти признавам.

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Designer

MDH Insurance Services DOOEL

Mid/Senior .NET Software Developer

Matrix Global

Fullstack Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk