Веб сајтот на информаторот Златна Книга доби „респонсив“ дизајн кој автоматски се прилагодива на уредот преку кој ја отварате сајтот. Големината на сајтот се шири и стеснува зависно од големината на екранот на десктоп и таблет компјутерот, или пак ако прегледувате преку мобилен телефон. Доколку пак ја користите апликацијата за iOS или Android, наскоро и таа ќе добие редизајн.
Златна Книга вели дека го подобриле начинот на пребарувањето, кое сега може да биде според потребен производ или услуга, според дејност и место, или пак преку гео-локатор кој ви ги прикажува најблиските фирми од интерес околу вас. Ако често ја користите страната, ќе може да си направите и свој профил кој ќе го олесни пребарувањето на компании и продукти. За компаниите кои се излистани во информаторот е додадена можност да внесат повеќе детали за себе, како фото-галерија, видео презентација или пак да понудат купони за попусти за корисниците.








