0 коментари 2 мин. читање 29 ноември, 2013

ИТ настан: Википедија на македонски избира најдобра фотографија за културното наследство

Вики го сака културното наследство“ е прв ваков натпревар за најдобра фотографија на градби, споменици, традиционални специјалитети, носии, занаети и се она што се води како наследство во Македонија. Натпреварот всушност уште еден начин да допринесе кон дигиталната енциклопедија, која пак ќе ги награди најдобрите фотографии со парична награда. Слични проекти се организира глобално од целата вики заедница, а овој го организира фондација Wikimedia, односно организацијата зад Википедија на македонски јазик.

Најдобрите фотографии ќе бидат објавени под Creative Commons лиценца за слободна документација и закачени на заедничката ризница на Wikimedia, со можност да бидат искористена од сите верзии на енциклопедијата, и секако од Википедија на македонски јазик која во овој момент брои над 74.000 статии. Основната цел на проектот е да се подвлече значењето на културните добра во Македонија, па затоа нема причина зошто да не учествувате. Сите детали за натпреварот ќе ги најдете тука.

[youtube]PA0bOgrhamw[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top