0 коментари 2 мин. читање 29 ноември, 2013

iOS прави пет пати повеќе пари од Android по симнување на апликација

Иако Android платформата доминира со глобалниот мобилен пазар, сепак платформата на Google заостанува зад Apple iOS во поглед на приходите кои се генерираат од мобилните апликации. За секој 1 долар кој iOS апликацијата ќе го заработи од симнувањето и in-app купувањата, Android верзијата прави само 0,19, односно 0,24 долари, вели Business Insider во својот „графикон на денот“. Но, BI вели дека разликата во приходи е намалена споредено со претходните години.

Податоците за графиконот се соберени од неколку извори, вклучувајќи ги и аналитичарите Flurry чија статистика секоја година кажува дека програмерите треба да се фокусираат кон iOS ако сакаат да прават пари. Затоа не е ни чудно што најдобрите и популарните апликации прво се објавуваат на iOS пред другите платформи. Прашањето зошто е оваа разлика вреди милион долари на Android пазарот, но истражувањата сугерираат дека се работи за навика на корисниците. iOS корисниците се поподготвени да платат за апликација бидејќи ги користат телефоните повеќе, дали во сурфање или во користење на апликации, отколку корисниците на Android кои имаат бесплатни алатки од Google. Проблем за Android пазарот е што добар дел од доминацијата се должи на евтини телефони на кои не работат добар дел од апликациите.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top