0 коментари 1 мин. читање 29 декември, 2011

Журкај.се е нов македонски агрегатор на настани и клубови

Журкај.се се придружува на Каде Вечер, Панорама, Тime.mk Настани и слични други .мк сајтови кои агрегираат настани и ви предложуваат каде да излезете и кога.

Моментално Журкај.се е во бета фаза, но може да се видат доста настани од разни македонски градов, иако од сервисот најавија дека ќе ја продолжат листата и со настани од други држави. Покрај локалите и препораките, има категории и за разните бендови и пејачи.

Тоа што е интересно е што настаните не ги додаваат клубовите или корисниците, туку се агрегираат од друштвените профили на локалите. Сите информации, велат од Журкај.се, се објавени како јавни информации на друштвените мрежи. Пример, кога ќе отворите некој клуб или локал, на неговата страна на сајтот ќе видите и листа на постови од Facebook и фотографии од клубот, што може да помогне брзо да видите за какво место станува збор.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top