3 коментари 2 мин. читање

Снимајте холивудски филмови во Македонија со кул iOS апликации со проширена реалност

Ако сте купиле паметен телефон во последните две години треба да знаете дека во вашиот џеб се наоѓа процесорската моќ на суперкомпјутерите од пред 20 години кои тогаш зафаќаа цела соба.

Благодарение на таа моќ се отвара потенцијал за апликации со проширена, аугментирана реалност кои изменуваат се што гледате низ камерата на мобилниот уред. Тие можат да прикажуваат локациски информации за градот, преведуваат на англиски и буквално ги лепат преводите врз тоа што се преведува. Некои апликации овозможуваат играње на игри во просторот каде што се наоѓате.

Eдна таква апликација која беше објавена неодамна е Action Movies FX. Апликација за iOS нуди два бесплатни и засега уште два ефекти што можете да ги купите во самата апликација. Во соработка со новиот Mission Impossible 4 филм кој несомнено содржи слични сцени какви што нудат овие ефекти, Action Movies FX на пример ви овозможува за неколку минути да снимите како вашето омилено поштенско сандаче се разнесува на парчиња во огромна експлозија од ракети. Потоа видеото можете да го споделите на Facebook и да тврдите дека некој извршил атентат врз вашата пошта или автомобил. Еве како изгледа апликацијата:

[youtube]bu-1sMAW8CY[/youtube]

[youtube]TuD4yDf04hs[/youtube]

Слична апликација, но со поголем комичен потенцијал е AR Missile  со која испукувате ракети во тоа што гледате на екранот, без разлика дали е тоа зграда, ѕид или луѓе што ѕвонат на врата со понуди за неверојатно ефтини правосмукалки.

[youtube]taM-AVItUDU[/youtube]

AR Dinopark ги враќа диносаурусите во живот, имате избор на неколку различни диносауруси и со правилна поставеност на камерата и хоризонтот, воедно и со буџет од неколку милиони долари, може да се сними следното продолжение на Jurassic Park. За среќа оваа апликација е бесплатна и можете да си ја симнете директно од AppStore, но за жал можете да снимате само фотографии.  Ние забележавме неколку диносауруси во близина на плоштадот, неодговорно пуштени без никаков надзор или каиш:

[youtube]hByAzRyhonE[/youtube]

Се што преостанува е да се наоружате со овие апликации и да покажете што може да се направи со денешната џебна супертехнологија. Ако направите интересно видео споделете го во коментарите.

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top